ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/14/22 11:51 AM

Се расипа викендот: Попладне невреме

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи – најавија од УХМР.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени. УВ=6

Во Скопје се очекува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи, а ќе има услови процесите да бидат и поинтензивни. Максималната температура ќе достигне 27 степени.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1