ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/14/22 4:00 PM

Од сите видови на леќа, неа најмалку ја јадат: Белугата има највеќе магнезиум и протеини

Еден од најатрактивните видови на леќа е црната или белугата, која во исхраната се користи помалку од останатите.

Поборниците за здрава исхрана и понатаму ја нарекуваат вегетаријански кавијар токму поради тоа што не е често на трпезата. Поради тоа што за подготовка на оваа леќа е потребно сосема малку време, од неа може да се приготви едноставен, а вкусен оброк за дваесетина минути. Иако поради своите нутритивни вредности леќата е пожелна намирница во секој дел од годината, таа е особено соодветна во текот на летните месеци затоа што може да се користи и во салати. Благодарение на црната боја која е постојана и по готвењето, таа се користи за правење на атрактивен црн намаз како додаток на други јадења.

Белуга леќата има високо ниво на растворливи и нерастворливи влакна, не содржи масти или штетен холестерол. Растворливите влакна придонесуваат за намалување на лошиот холестерол и го штитат телото од срцеви болести и мозочен удар. Нерастворливите диетални влакна во леќата го олеснуваат варењето и го намалуваат ризикот од рак на дебелото црево. Исто така содржи и полифенолни хранливи материи кои на клетките им овозможуваат силна заштита од оксидативно оштетување. Оваа леќа е богат извор на витамини и минерали, цинк и фосфор. Меѓу минералите во оваа мешунка е и магнезиумот кој го чува здравјето, а познато е дека ниското ниво на магнезиум е во директна врска со срцевите заболувања.

Од сите мешунки, леќата е високо на листата според содржината на протеини.

Дури 26 проценти од калориите добиени од леќата се припишуваат на протеините, па затоа таа е идеална храна за луѓето кои не јадат месо.

 

Извор: b92.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1