ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/13/22 3:03 PM

(Видео) „Сус бре да ти е*ам“ рекол Џафери и ја налути КСС – „Ова е мобинг и вулгарност кон вработените“

Конфедерацијата на слободни синдикати денеска обвини дека собранискиот спикер, Талат Џафери се однесувал вулгарно кон вработените, откако вчера беше објавено видео на кое тој наводно им се обраќа со пцовки.


Во писмената реакција од КСС денеска го обвинија Џафери за понижувачки и потценувачки однос.

-Вчерашниот настан со кој Претседателот на Собранието на вулгарен начин се однесуваше кон вработените и демнострираше вербална сила е слика и прилика на целиот јавен сектор. Примерот којшто вчера го видовме само ги охрабрува истите тие раководители уште посилно да вршат мобинг, тортура и притисок врз вработените во јавниот сектор, но како што кажувавме многупати претходно, примерот за однесувањето кон вработените во јавниот сектор го даваат токму тие лица и затоа состојбата во дел од реалниот сектор е се поразочарувачка и работниците се почесто се одлучуваат да ја напуштат државата – велат од Конфедерацијата на слободни синдикати.

Оттаму бараат Џафери јавно да се извини, а надлежните институции да ги преземат сите мерки за однесувањето кое како што велат, е нечовеччко од негова страна. Денешната реакција доаѓа по вчерашната објава на видеото во кое наводно претседателот на Собранието се обраќа со зборовите:

„Сите од служба, конкретно од седници, веднаш кај мене, сите позади што седат сите до еден, вие што сте на плата и уште си е..те мајка овде. Што бараш бе ти овде, ајде бегај таму, бегај, излези“.

Реакција пристигна и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чиј портпарол Наум Стоилковски побара оставка од Џафери, оценувајќи дека тој е недостоен да го води Парламентот.

„Снимката во прашање ја доведува и неговата деловна способност, но и дали зад вулгарностите постојат зависности на Талат Џафери коишто предизвикуваат апстиненцијални кризи и невозможност за рационално водење на седниците на Собранието? Не постои оправдување за ваков простотилак и прашање е дали сите коалициски партери во крими-власта го поддржуваат и би го оставиле без осуда ваквото примитивно однесување“, изјави Стоилковски.

Одговарајќи на новинарско прашање за ваквиот случај пак, премиерот Димитрар Ковачевски денеска рече дека ја погледнал снимката, но не може да ја коментира зашто, како што изјави,од неа не се гледа ниту кој разговара, ниту со кого разговара.

„Таа снима ја погледнав, но се работи за некаков разговор на кој не се гледа ниту кој разговара, ниту со кого разговара. Затоа, од таа причина не можам да коментирам дали претседателот на Собранието разговара со некого во сала, дали е тој вработен или не е. Навистина не можат да дадам конкретен одговор зашто на снимката не се гледа кој зборува и со кого зборува“, кусо одговори Ковачевски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1