ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/13/22 10:56 AM

„Храната не е емоција“: Имала 156 килограми, а ослабела над 80, Јелена од Белград од корен си го променила животот

Јелена Дробњак цел живот се борела со обезноста, но одлучила да го промени својот живот од корен.

По 17 години таа ја променила работата, а за една ипол година ослабела дури 83 килограми. Таа предупредува на опасноста од емотивно прејадување и се труди да биде инспирација за другите. Само јаката волја која произлегува од менталната сила може да ве доведе до посакуваните резултати, за чие остварување поенкогаш се потребни и години. Токму тоа со својот пример го докажала Јелена Дробњак (39), која во јуни 2019 година тежела дури 56 килограми, а 18 месеци подоцна била преполовена.  Сфатила дека храната не е емоција и дека проблемите нема да исчезнат со колачи, односно дека животот ќе продолжи да се случува во своите облици и интензитети. Сега преку Инстаграм таа им помага на другите жени да тргнат по нејзините стапки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Drobnjak Jelena (@hrana_nije_emocija)

„Цел живот бев буцкаста, но тоа за мене не претставуваше проблем, додека за моето опкружување очигледно не беше така. Мојата тежина ескалираше пред неколку години по породување и некои животни околности, па не бев свесна дека емотивно се прејадувам“, ја почнува својата приказна Јелена од Белград, мајка на 11-годишната Ања.

По патот на конкретни и видливи промени тргнала пред три години, а менталната подготовка и пронаоѓањето на причината за емотивното прејадување почнала една година претходно. Таа се соочила со себе, бидејќи немало многу од оние кои биле подготвени да и пружат рака за спас.

„Го променив начинот на размислување, почнав одговорно да се однесувам кон себе, да ги разбирам своите чувства, да ги решавам траумите од детството, да се соочувам со своите стравови. Ја променив професијата и по 17 години во областа на финансиите почнав да се занимавам со коучинг во процесот на слабеење. Сега сум и студент на  Вишата медицинска школа во Белград“, вели таа додавајќи дека обезноста е патење.

Рутината на Јелена е едноставна – чај, појадок, ручек и внесување на неопходната количина течности. Таа максимално била посветена на семејството, работата и пријателите и сето тоа довело до резултатите на кои Јелена се надевала. Кога таа сфатила дека промената на начинот на живот е делотворна, решила своето искуство несебично да почне да го споделува со другите жени. Јелена вели дека секоја зависност почнува со болка и патење, а кога се плашиме од своите емоции, тогаш на снага настапува шеќерот.

Таа вели дека не сака ниту една жена да пати како што таа патела кога имала 156 килограми. Повторно се родила благодарение на себе, а сега сака да препороди и многу жени во чии чевли била поголемиот дел од својот живот. Нема срам и осуда, само разбирање – пишува Zena.rs.

 

Извор: stil.kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1