ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/13/22 8:53 AM

Шест пациенти починале а 18.000 нови заразени од Ковид-19 – Стелт омикрон ја крена Северна Кореа на нозе

Повеќе од 18.000 случаи на Ковид-19 се потврдени во Северна Кореја, објави денеска новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на Корејската централна телеграфска агенција (CTAC).

Шест пациенти починале како резултат на инфекција со коронавирус во Северна Кореја, се вели во извештајот.

Во четвртокот, CTAC објави дека подваријантата на Омикрон, позната и како Стелт омикрон, е откриена во Северна Кореја.

Во врска со ова беше свикан состанок на Политбирото на Централниот комитет на Корејската работничка партија, на кој присуствуваше и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Тој нареди воведување карантин во сите градови и окрузи во земјата.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1