ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/13/22 8:24 AM

Родители го тужат својот син единец оти не им дал внуче – Необична судска пресметка во Индија

Брачна двојка од северната индиска сојузна држава Утараканд го тужат својот син единец и неговата сопруга затоа што не им родиле внуче по шест години брак.

Санџеев и Садана Прасад велат дека ги потрошиле своите заштеди за својот син, плаќајќи му ја обуката за пилот (којашто чини над 60.000 евра), како и за раскошната венчавка… Сега тие бараат отшета за „психичко тормозење“, во вредност од околу 625.000 евра доколку не се роди внуче во рок од една година.

– Мојот син е шест години в брак, но тие сѐ уште не планираат бебе… Барем да имавме внуче со кое ќе минуваме време – нашата болка така ќе стане поднослива, изјави г-н Прасад.

Синот и неговата сопруга засега сѐ уште немаат коментар за сѐ ова.

Шри Сагар (35) се вратил во Индија во 2007 година, останал без работа и неговото семејство морало финансиски да го издржува повеќе од две години, пишува „Тајмс оф Индија“. На крајот се вработил како пилот, а неговите родители велат дека го договориле неговиот брак со Шубханги Синха, во 2016 година, со надеж дека ќе имаат „внуче со кое ќе си играат“ уживајќи во пензијата.

Родителите велат и дека свадбата во хотел со пет ѕвезди, со луксузен автомобил од 80.000 долари, како и медениот месец во странство – биле на нивна сметка.

Адвокатот на родителите изјави дека парот ги побарал парите „поради психичка суровост“.

– Сон на секој родител е да стане баба или дедо. Тие со години чекаа да станат баба и дедо!, истакна правниот застапник.

Претставката поднесена во градот Харидвар, се очекува да биде разгледана од судот на 17 мај.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1