ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/12/22 9:08 PM

Меси најплатен спортист во светот, Роналдо на трето место, според Форбс

Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси, е најплатен спортист во светски рамки во изминатата година, објави денеска магазинот Форбс, наведувајќи дека Аргентинецот заработил 130 милиони долари пред оданочување, од кои 75 милиони долари се однесуваат на плата, а од разни спонзорства лани инкасирал дополнителни 55 милиони долари.

На второ место е американскиот кошаркар Леброн Џејмс, со приход од 121.2 милиони долари, при што најголемиот дел (80 милиони долари) доаѓаат од вонспортски активности.

Кристијано Роналдо е трет според заработката со 115 милиони долари. Неговата плата изнесува 60 милиони долари, а од спонзорства Португалецот заработил 55 милиони долари.

Најплатени спортисти во светот:

  1. Лионел Меси 130 милиони долари
  2. Леброн Џејмс 121.2
  3. Кристијано Роналдо 115
  4. Нејмар 95
  5. Стеф Кари 92.8
  6. Кевин Дурант 92.1
  7. Роџер Федерер 90,7
  8. Саул „Канело“ Алварез 90
  9. Том Брејди 83.9
  10. Јанис Антетокумпо 80.9 милиони долари

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1