ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/12/22 3:17 PM

Во туристичките места дуќанџиите ќе работат и во недела, предлага Министерството за економија

Предлог измени и дополнувања на Законот за трговија, со кои се предлага во туристичките места сите трговци на мало да можат да работат во недела и за време на празници, достави Министерството за економија до Собранието на Република Северна Македонија.

Измените и дополнувањата на Законот за трговија се доставени до партениците за нивно разгледување и усвојување во Собранието.

Со овие измени се дава можност на сите туристички места што се пропишани со Закон за туристичка дејност, продавниците и дуќаните во кои се врши трговија на мало да можат да работат и во деновите кои се третираат за неработен ден и државни празници во текот на целата година.

Надоместокот од 100 проценти дневница за работа во недела и празници останува за трговците на мало во туристичките места да ја платат на работниците. 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1