ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/14/22 7:00 PM

Препознајте ги симптомите кои укажуваат на пореметување со тироидната жлезда

Тироидната жлезда односно нејзијата функција е директно одговорна за правилна работа на срцето, дишењето, силата на мускулите и телесната температура. Затоа хормоните кои таа ги лачи се од витално значење за здравјето на организмот, бидејќи нивната нерамнотежа може да предизвика бројни здравствени проблеми. Три најчести болестиповрзано со тироидната жлезда се хипотиреоза (намалено лачење на хормоните), хипертиреоза (зголемено лачење на хормоните) и појава на јазли во нејзиното ткиво. Секој проблем погодува одредени органи во нашето тело на различни начини, меѓутоа постојат некои заеднички симптоми кои може да предупредат дека со овој орган нешто не е во ред.

Варирање во телесната тежина

Необјаснивото качување килограми или губењето на тежината се неретко значи на пореметување на работата на тироидната жлезда. Дебелеењето може да биде последица на недостиг на тироидните хормони во периферните ткива, а ваквата состојба се нарекува хипотиреоза. Спротивно на тоа, ако се произведуваат повеќе тироидни хормони отколку што му треба на телото, може да дојде до неочекувано губење на тежината. Оваа состојба е позната како хипертироидизам, која е почеста.

Умор

Чувството на умир и недостигот на енергија се проблеми кои може да се поврзат со многу состојби, но тие се во корелација со намаленото производство на тироидни хормони.

Депресија

Доколку се чувствувате тажно или депресивно, а тоа и немате баш голема причина, можеби би требало да ја проверите функцијата на тироидната жлезда. Се смета дека недостигот на тироидни хормони може да влијае на нивото на хормонот серотонин во мозокот.

Нервоза и анксиозност

Ако без посебна причина се чувствувате нервозно и анксиозно, можеби вашата тироидната жлезда е хиперактивно и поради тоа, понекогаш може да дојде до панични напади. Од друга страна пак, доколку е ослабена функцијата на тироидната жлезда може да дојде до заборавност и до проблеми со концентрацијата.

Опаѓање на косата

Губењето на косата е уште еден знак дека тироидните хормони можеби не ви се во рамнотежа. И хипотиреозата и хипертиреозата може да доведат до опаѓање на косата. Во повеќето случаи косата повторно може да порасне кога ќе се регулираат хормоните.

Отечен врат

Промената во гласот може да биде знак дека е пореметено функционирањето на тироидната жлезда. Еден од начините да ја проверите состојбата е добро да го прегледате својот врат и да видите дали може да откриете какви било знаци на оток на тироидната жлезда.

Проблеми со спиењето

Недостигот на сон поради несоница е поврзан со низа здравствени проблеми, од депресија, кардиоваскуларни болести па се до болести на тироидната жлезда.

 

Извор: novosti.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1