ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/12/22 1:00 PM

Почина ќерката на пејачката Јулија – По две години ја загуби борбата со канцерот

Утрово почина ќерката на пејачката Јулија, Андријана Мациевска (41), која се бореше со ракот две години.

Дека здравствената состојба на Андријана е многу влошена пред два дена објави нејзината мајка Јулија, која побара од сите да се молат за здравјето на нејзината ќерка, која е во болки во болница.

-Драги мои пријатели,помолете се за моето девојче,за мојата хероина,мојата светлина.Молете се за Божје чудо, зашто Андријана во болка се бори за својот живот на Клиниката за онкологија.
Верувам дека Бог ќе направи чудо, зашто за Бога е возможно се. Секој на свој начин испратете љубов, испратете молитва, да го крене моето девојче. Господи помилуј, Оче спаси нас, напиша Јулија пред два дена на својот Фејсбук профил.

Андријана ја има ќерката Стефанија, а дијагнозата ја доби на денот на својот роденден во 2020 година. Во оваа две годишна борба таа успеа и да застане на нозе и во интервју за ММС сподели за нејзиниот живот.

„Уште пред да дознаам дека имам карцином на дојка имав болки во грбот од кои не можев да се движам, се’ потешко одев. Бев на гинеколог на обичен рутински преглед и докторот ми препорача биопсија на матката во една приватна болница во Скопје бидејќи поради ковидот немаше термини во јавното здравство. Кога отидов таму, докторката меѓу другото ме праша зошто имам толкави болки  во грбот и во целиот тој муабет  јас и’ кажав дека извесно време имам грутка на едната дојка, па прашав дали може некој да ме прегледа и во врска со тоа“, рече Андријана минатата година за ММС.

Таа сподели дека цела година претходно имала бениген тумор, но поради страв не одела на лекар за да се информира за состојбата.

Ракот не го нарекувам „зло“ и воопшто не го нарекувам со погрдни зборови“, смета Андријана според која прифаќањето е големо олеснување.Со мојата следна изложба сакам да го одбележам моето повторно раѓање. Болеста ја прифаќам и целата борба е за мое добро. Одам понатаму! – рече Андријана Мациев за ММС.

Целото интервју може да го прочитате подолу:

Канцерот не го сфаќам како болест, туку како состојба на умот – Со Андријана Мациев по повод Светскиот ден на борба против ракот

„Ќерка ми во болка се бори за животот, молете се за моето девојче“ – Потресен апел на пејачката Јулија за нејзината Андријана


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1