ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/12/22 12:26 PM

Дојде летото предвреме: Утре температури и над 30 степени

Времето утре ќе се задржи сончево и многу топло со краткотрајна нестабилност кон крајот на денот во југозападните делови. Утринските температури ќе се движат од 6 до 12 степени, а дневните од 21 до 31 степен – соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

За време на викендот во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Особено нестабилно ќе биде во сабота кога процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на град, информираат од УХМР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1