ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/14/22 10:00 AM

Импресивни начини на кои Ц витаминот влијае на нашето здравје

Иако вообичаено се советува внесот на витамин Ц да биде од храната, многу луѓе се одлучуваат за суплементација за да ги задоволите своите дневни потреби. Витаминот Ц е есенцијален витамин кој телото не може само да го произведе. Ваквиот витамин има многу улоги и здравствени бенефити. Тој е растворлив во вода и се наоѓа во многу видови овошје и зеленчук, вклучувајќи јагоди, киви, пиперки и спанаќ.

Пет научно докажани предности од конзумирањето на витамин Ц

Го намалува ризикот од хронични болести

Витаминот Ц е моќен антиоксиданс кој може да ја зајакне природната одбрана на вашето тело. Антиоксидансите се молекули кои го зајакнуваат имунолошкиот систем, така што ги штитат клетките од штетните молекули познати како слободни радикали. Кога тие се акумулираат може да предизвикаат оксидативен стрес, кој пак е поврзан со многу хронични болести. Студиите покажале дека конзумацијата на поголеми количини витамин Ц може да го зголеми нивото на антиоксиданси во крвта до 30 проценти.

Помага во контролата на високиот крвен притисок

Високиот квен притисок го зголемува ризикот од срцеви болести, што е водечка причина за смрт во светот. Студиите покажале дека витаминот Ц може да биде корисен во  намалувањето на крвниот притисок и тоа кај оние кои немаат проблеми со ова. Анализа на 29 студии покажува дека земањето витамин Ц како суплемент го намалува го намалува систолниот крвен притисок и дијастолниот крвен притисок кај здрави возрасни лица.

Го намалува ризикот од срцеви болести

Многу фактори го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања, вклучувајќи го крвниот притисок, високото ниво на триглицериди или лошиот холестерол.  Ц витаминот помага во намалување на ризик факторите, што повторно го намалува ризикот од срцеви заболувања. Анализата на девет студии во кои учествувале скоро 300 илјади испитаници, откривајќи дека по 10 години луѓето кои земале најмалку 700 мг витамин Ц дневно имале 25 проценти помал ризик за срцеви заболувања од оние кои овој витамин не го земале воопшто. Меѓутоа, научниците не се сигурни дека луѓето кои конзумирале храна богата со витамин Ц, имале поздрав начин на живот од оние кои земале суплементи.  Останува нејасно дали разликите настанале поради витаминот Ц или и поради другите аспекти на нивната исхрана.

Го зајакнува имунитетот

Една од главните причини поради кои луѓето земаат суплементи со витамин Ц е зајакнувањето на имунитетот. Витаминот Ц го поттикнува производството на бели крвни зрнца, а тие му помагаат на телото, односно го заштитуваат од инфекции.

Помага во спречување на недостаток на железо

Железото е важна хранлива материја која има различни функции во телото. Железото е неопходно за формирање на црвени крвни зрнца и транспорт на кислород низ телото.

Дополнувањето на витамин Ц може да помогне да се подобри апсорпцијата на железо од исхраната.

Ова особено важи за луѓето кои практикуваат диета без месо, бидејќи оваа храна е главен извор на железо.

 

Извор: telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1