ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/11/22 9:00 PM

Има 77 години а изгледа двојно помладо – Актерката Жаклин Смит откри како се негува

Актерката Жаклин Смит пред речиси половина век беше дел од првата екипа на „Чарлиевите ангели“, а набргу потоа стана секс симбол, кој и денес на 77-годишна возраст изгледа феноменално.

На прв поглед би рекле дека нема повеќе од 40-50 години, а иако за нејзиниот младешки изглед веројатно делумно е заслужна и естетската хирургија, актерката е посветена и на грижата за своето тело.

Што се однесува до вежбањето, Жаклин претходно изјави дека вежба кружен тренинг, со посебен фокус на горниот дел од телото и долниот дел на грбот. Секако, прави и вежби за раце и нозе, така што на тренинзите се застапени сите делови од телото.

Актерката се грижи и за исхраната. Како што истакна во претходна изјава, пораснала на фарма, па се навикнала да јаде свежа храна, без адитиви и така се труди да остане.

“Јадам многу суров зеленчук, органско месо, зелена салата. Но, во спротивно, верувам дека треба да бидете умерени во се, не треба да бидете премногу дисциплинирани бидејќи сепак треба да уживате”, рече Жаклин и додаде дека си дозволува и да јаде еднаш неделно што сака – пица, или хамбургер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jaclyn Smith (@realjaclynsmith)

Кога станува збор за кожата, актерката смета дека најважна е добрата хидратантна крема.

– Сакате да најдете крема што не се одвојува од шминката. Така, можете да земете сунѓер и да намачкате малку крем врз шминката и да ја освежите. Таа оди во линии и дава повеќе боја и свежина на лицето, така што не изгледа суво. Често ставам крема преку дневна шминка ако одам некаде – рече таа.

Жаклин истакнала дека секоја вечер мора да нанесува крема со ретинол, која ги спречува брчките, ги намалува порите и го стимулира производството на колаген.

Актерката не помалку внимава на косата, па нејзиниот совет до сите, особено до дамите кои ја фарбаат косата, е да прават третман за длабока хидратација на секои четири до шест недели.

„Можете да отидете во кујната и да ставите нешто како маслиново или кокосово масло. Кога ќе го направите тоа, ставете или капа за спиење или завиткајте го во пластична кеса и покријте го со топла крпа 10-20 минути“, го споделила нејзиниот рецепт за убава коса.

извор: Mondo.rs

фото: Instagram


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1