ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/11/22 1:52 PM

Од медиумите дознав дека Камчев ја променил адресата, вели обвинителот Јовески

Спогодбата и местото каде што ќе живее сторителот на кривичното дело немаат воопшто едно со друго значење. Граѓанинот има право да го одбере местото на неговото живеалиште – вели републичкиот обвинител, Љубомир Јовески по информациите дека осудениот бизнисмен Орце Камчев во случајот „Империја“ ја променил адресата на живеење од Скопје во Охрид.

Откако Камчев со спогодба призна вина и беше осуден на една година затвор, Јовески денеска изјави дека сите мерки и правни акти со склучување на спогодбата престануваат и настапуваат нови околности.

„Јас од медиумите дознав дека е променета адресата на живеалиште.  Негово право е и право на надлежните органи кои се занимаваат со прашањето на живеалиштето на граѓаните да одлучуваат за тоа дали на определено лице  ќе му се дозволи да го смени местото на живеење од еден во друг град“, додаде Јовески.

За промената на адресата на живеење, Камчев  го известил и скопскиот Кривичен суд, чиј претседател Иван Џолев денеска нагласи дека по извршените провери, Судот го утврдил новото живеалиште.

-Тука надлежност на Судот не постои, утврдувањето на живеалиштето на едно обвинето или осудено лице е потребно судот да го направи имајќи ги предвид надлежностите кои произлегуваат од таквото утврдување на живеалиштето, пред сѐ во смисла на тоа дали во конкретниот случај Одделението за извршување  на санкции на Кривичниот суд е надлежно да постапува по однос на извршувањето на казната или можеби некој друг суд.  Во овој случај мислам дека јавноста е известена, надлежен да ја реализира изречената казна е Основниот суд во Охрид – изјави Џолев.

Според него, можеби понатаму ќе треба да се разгледа како дошло до промената.

– Мислам дека забрана за да се изврши промена не е врзана со напуштање на живеалиштето. Доколку некој купил недвижност во некој друг град, достави такво барање за промена на живеалиште веројатно надлежниот орган треба да одлучува, а во овој случај тоа не е судот туку е МВР – додаде Џолев.

 

Фото: Архива

(В.Ми)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1