ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/11/22 10:48 AM

Мајка убила три од своите седум деца, најстариот син и помогнал – Јавноста во САД во шок

Мајка на седум деца, Анџела Флорес (38) во неделата со помош на својот најстар син убила три од своите деца. Злосторството на Денот на американската мајка ја шокираше целата нација.

Според соседите, Ангела цел викенд правела инциденти и ја слушнале како вреска во куќата. Според зборовите на соседите кои низ прозорецот можеле да видат што се случува во куќата, таа врескала дека семејството ја злоставува и побарала Библија.

Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека се убиени синовите Кевин (10) и Нејтан (8), како и ќерката Натали (12), а на Анџела и помогнал најстариот син, 16-годишник чие име не се соопштува.

Анџела го признала убиството на децата, а „Њујорк пост“ додава дека преостанатите три деца живеат во друга држава со својот татко. Грозоморното злосторство било откриено кога соседите повикале полиција нешто пред осум часот наутро на Денот на мајката, а на сцената биле пронајдени тела на три деца. Засега не е соопштена причината за смртта на децата.

извор: Mondo.rs

фото: Facebook


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1