ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/10/22 7:00 PM

Син ми не умре среде интимен однос, ве молам имајте почит, вели свекорот на водителката Пишек

 

Денес стасаа резултатите од обдукцијата на Видоје Ристовиќ, сопруг на водителката Николина Пишек, кој почина во неделата. Неговиот татко Виктор, попознат како Мишо Гроф за српските медиуми дал објаснување.

-Неизмерна ни е тагата по синот, срцата ни се кинат! На другите не им доликува да се занимаваат со теми кои се толку приземни и срамни во моментот кога не напушти едно младо и прекрасно суштество. Морам да кажам дека мојот син не умре за време на интимен однос. Денеска ги добив резултатите од обдукцијата. Смртта била предизвикана од респираторна инсуфициенција, поради што работата на срцевиот мускул откажала – со тага во гласот изјави за „Блиц“ Миша Гроф, додавајќи:
– Ве молам, не го сквернавете споменот на мојот син, татко на две прекрасни ќерки, имајте душа и нека почива во мир!
Видоје, сопругот на водителката Никола Пишек почина во неделата во салон за масажа. Тој наводно бил во салонот на електрична масажа, а масерката била постара жена од околу 60 години, јавуваат локалните медиуми.
Според извор близок до семејството Ристовиќ, Видоје во текот на денот се чувствувал добро и не се пожалил на никакви здравствени проблеми се до неговата смрт. За време на масажата почувствувал дека не е добро и се пожалил на терапевтот, но веќе било доцна, бидејќи по неколку моменти починал.

За тоа што е респираторна инсуфициенција пишува порталот мондо.рс:

Што е респираторна инсуфициенција?
Респираторната инсуфициенција се јавува како последица на опструкција на дишните патишта, намалени респираторни движења, нарушување на размената на гасови или слаба циркулација на крвта во белите дробови. Како последица на ова акутно или хронично нарушување на респираторниот систем, доаѓа до недоволно количество на кислород во крвта, а понекогаш и неможност да се отстрани насобраниот јаглерод диоксид.

Оваа опасна состојба се манифестира со забрзано и отежнато дишење, кое е придружено со обилно потење, срцева аритмија и сина кожа и мукозни мембрани. Може да се појави во рок од неколку часа, до седум дена, а при првите симптоми потребно е итно да се консултира лекар, бидејќи последиците може да бидат фатални, како што беше случајот со Видоје.

Наглото влошување е придружено со тахикардија (забрзано чукање на срцето) и артериска хипертензија. Кожата е сина, топла и влажна. Лицето е подуено, очите светат, а очните јаболка се испакнати.

Зошто се јавува?
Неколку типови на состојби потенцијално може да резултираат со респираторна инсуфициенција:

Состојби кои го намалуваат протокот на воздух до и од белите дробови, вклучително и физичка опструкција од туѓи тела или маси и намалена способност за дишење поради лекови или промени во градниот кош.
Состојби кои го нарушуваат снабдувањето со крв во белите дробови. Тие вклучуваат тромбоемболични состојби и состојби кои го намалуваат излезот на десното срце, како што е десната срцева слабост и некои миокардни инфаркти.
Услови кои ја ограничуваат способноста на ткивото на белите дробови да разменува кислород и јаглерод диоксид помеѓу крвта и воздухот во белите дробови. Секоја болест која може да го оштети ткивото на белите дробови може да спаѓа во оваа категорија.
Најчести причини се (без посебен редослед) инфекции, белодробни заболувања, пулмонален едем, мозочен удар, повреди на мозокот, труење, невромускулни заболувања.
Како се препознава и дијагностицира?
Само лекар може да се посомнева дека пациентот развива слабост во дишењето, а првиот чекор е да се врати рамнотежата и да се подигне ниското ниво на кислород во крвта.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1