ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/10/22 11:55 AM

(Видео) „Кога се свршив прво кажав на брат ми, па на мама“ – Васил Гарванлиев откри детали за свадбата

По само неколку дена откако пејачот Васил Гарванчиев ја шокираше јавноста со неговата свршувачка, тој повторно се јави со нови детали.

За музичкиот магазин „Бекстејџ“ откри неколку детали од неговата љубов, но и свадбата, која како што рече ќе се случи наскоро.

-Свадбата ќе биде многу наскоро, а во јуни. Се’ се случи ненадејно.  Дојдов овде во Америка да напишам албум и се случи љубов. Ме освои со искрениот поглед, незнаејќи кој сум и што сум. Многу често кога одам на средба, ако некој не ме знае, нема шанси да запеам. Но, тој немаше поим за ништо и тоа за мене беше супер. Чувствата беа двосмерни, како двосмерна улица. Јас секогаш велам дека ако верувам во нешто тоа е во љубов. Сум имал многу убави и неубави искуства, но за ова константно знаев дека е вистински. Го почувствував, занев дека е нешто што ќе трае. Не е Македонец, вели Васил за „Бекстејџ“ и додава:

– Сите што ме знаат знаат дека обожавам медитација и манифестација. Кога сакам нешто често запишувам. Имав еден специјален момент во Централ парк во фонтаната на ангелот. Многу магичен момент каде буквално легнав на една од клупите и си реков за следните три години си го посакувам тоа, тоа и тоа. Меѓу желбите беше албум, љубов, Евровизија… Како се свртев видов човек качен од горе на клупата и снима. Кога го погледнав сфатив дека тоа е тоа и само си теков : „О, еве ја мајката“. Кога се’ се случи ми рекоа јави се на мама, но јас реков не, брат ми мора прв да знае.  На еден начин беа шокирани бидејќи се немаат сретнато уште, но кќ се сретнат. За еден месец доаѓам во Македонија, рече Васил.

Рече дека детали за свадбата се’ уште не знае, но како што рече сигурно ќе има некое оро. Каде? Се’ уште не знае..


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1