ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/10/22 8:00 AM

„Наместо со тоалетна хартија се бришам со бебешка облека и не одам на ултразвучни прегледи“: Трудница ги шокираше корисниците на ТикТок

Различностите би требало да ги почитуваме бидејќи светот би бил премногу здодевно место кога сите би биле исти.

Иако не е секогаш така, на светот постојат луѓе чии ставови се спротивни од нашите. Денес ви откриваме приказна на една млада жена која на интернет „крена прашина“. Нејзиното име е Алис и таа е веганка. Се занимава со снимање видеа за својот стил на живот кој не е вообичаен.

Имено, оваа мајка која е бремена со своето второ дете, има некои ставови кои на многумина им се чудни. На пример, неодамна во едно свое видео таа откри дека нејзиното синче Ферн кое има 18 месеци, како и секое дете се валка. Сепак, бебешката облека таа не ја фрла туку ја користи како тоалетна хартија. Таа вели дека некои дамки е невозможно да се исперат. Алис е посветена на рециклирањето и грижата за природата.

@crunchyipadbaby

♬ Fallout – Masked Wolf & Bring Me The Horizon

Некои корисници ја прашаа дали облеката подоцна ја пере или ја фрла, некои заклучија дека би им било жал на тој начин да ги третираат омилените парчиња облека на своето бебе, додека некои велат дека би можеби би можела да ја исече облеката и на тој начин уште подобро да ја искористи. Самата потврди дека тоа го видела од својата мајка која постарата детска облека ја претворала во крпи за чистење.

Покрај неконвенционалните методи на рециклирање, таа е контроверзна и поради некои свои ставови во однос на воспитувањето деца и бременоста. Имено, на својот син таа му дозволува да јаде земја и да става камења во уста. Покрај тоа, не му одредува време за спиење.

Што се однесува до бременоста, Алис одбила да прави тест бидејќи не е вегански, со оглед на тоа дека користи животински антитела. Поради тоа, таа само погодува дека е бремена бидејќи и прекинал менструалниот циклус.Оваа млада жена не оди на ултразвучни прегледи па не знае ни колку би можела да биде бремена, но по нејзина проценка е помеѓу шеста и дваесетта недела, ниту пак знае дали е се’ во ред со бебето. Но вели дека не се грижи поради тоа, а породувањето ќе го изврши дома, исто како и претходното.

@crunchyipadbaby

♬ Fallout – Masked Wolf & Bring Me The Horizon

Таа не верувa дека постои ризик да добие дијабетес во бременоста, бидејќи во нејзиното семејство тоа не се случило, но и нема намера да прави инвазивни тестови за да открие дали бебето има генетско пореметување.

Алис планира нејзиниот син да го следи породувањето, бидејќи смета дека на тој начин чинот на доаѓање на детето на свет нема да биде трауматично, иако многумина мислат дека тој на тоа нема да се сеќава. Во секој случај, Алис и нејзиниот алтернативен стил на живот секако го привлекуваат вниманието на јавноста имајќи предвид дека ја следат над 713 илјади луѓе, а нејзините видеа имаат повеќе од 62 милиони допаѓања.

 

Извор: srecnarepublika.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1