ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/9/22 10:54 PM

Руската црква ги признава ексклузивните канонски права на СПЦ во Северна Македонија, изјавил протоереј Игор Јакимчук

Руската православна црква (РПЦ) ги признава ексклузивните канонски права на Српската православна црква (СПЦ) во Северна Македонија, изјави секретарот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, протоереј Игор Јакимчук, пренесува курус.рс.

– Ставот на РПЦ, пред сè, ќе го земе предвид пристапот кон тој проблем на Српската црква, на која продолжуваме да му признаваме ексклузивни канонски права во Северна Македонија – рече тој.

Вселенската патријаршија претходно соопшти дека ја признава таканаречената црква на Северна Македонија како православна и дека ја прифаќа во заедницата на христијанските православни цркви.

Според соопштението, Константинопол го признал името на таа црква како „Охридска“ (што значи област на нејзина јурисдикција само на територијата на Северна Македонија) и ја исклучува употребата на терминот македонска, како и секој изведенка на тој термин.

Извор и фото: курир.рс.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1