ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/9/22 4:26 PM

Сите се јаки патриоти на прсти – вели Калајџиев за непромисленоста на Андреа

Фрлањето на македонското знаме од страна на нашата евровизиска претставничка Андреа, и понатаму е во фокусот на јавноста. Ваквиот потег предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, со кои дел од граѓаните ја осудија младата пејачка, додека други застанаа во нејзина одбрана. Меѓу нив е и професорот Гордан Калајџиев, кој се огласи на социјалната мрежа Фејсбук.

-Девојката очигледно се збуни и немаше намера да го омаловажи знамето; 2. тоа сувенир знаменце и не е баш „знаме” и повеќето го фрлаат по настанот; 3. добра прилика да се прашаме од кого младите ќе учат како се сака татковината; 4. сите се јаки патриоти на прсти, а инаку “многу на број, малку за бој! – напиша Калајџиев.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1