ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/10/22 6:00 PM

Невкусно се пошегувал со својата вработена, на сметка на нејзината бременост: Шеф добил казна на каква што не се надевал

Шефот на една компанија во Англија, морал да ѝ исплати на своја работничка 17.557 евра за отштета за дискриминација, која ја претрпела од него на работното место додека била бремена.

Не е мал бројот на случаи во кои жените трпат мобинг на работното место или поради бременост се дискриминирани од страна на своите претпоставени на разни начини. Иако би требало да ги ужива сите права кои и се законски загарантирани, една жена се нашла во крајно дискриминаторска ситуација, кога поради своја бременост била дискриминирана од страна на шефот.

Бјанка Кинг, финансиска работничка во една фирма во Англија му соопштила на својот шеф, односно на директорот на компанијата, Џорџ Додс дека чека бебе, по што тој искоментирал „мора да сте се забавувале во последно време“. Набргу потоа ѝ стигнало писмо со отказ во кое се наведува дека таа е отпуштена бидејќи фирмата трпи финансиски потешкотии и не може да ја „чува“. Кога жената одговорила дека сака да оди на породилно отсуство, отказот бил повлечен бидејќи тогаш нејзиниот шеф изјавил – „тоа менува сѐ“.

Според зборовите на оштетената жена, таа во повеќе наврати трпела мобинг бидејќи нејзиниот работодавач во една прилика и за развикал и ја навредил за време на видео конференција. Потоа ѝпратил електронска пошта со предупредување за паузите за ручек. Ја предупредил да не доцни и да се придржува на пропишаното време, а претходно никогаш го немал направено тоа.

Бјанка се вработила во фирмата во 2016 година, а две години подоцна го известила шефот дека е бремена и дека ќе се породи кон крајот на 2019. Оваа жена поради целата ситуација во која се нашла морала да побара помош од својот лекар, бидејќи кај себе забележала анксиозност. Таа решила да го тужи шефот и добила отштета за неговата постапка, а на судијата му биле потребни две години за да го реши овој случај. Во пресудата е наведено дека тоа ѝ било прва бременост и наместо да ужива во неа, таа претрпела јак стрес, поради кој се влошило нејзиното здравје.

Во изјава пак, за Mail Online Today Џорџ Додс негирал дека изјавил такво нешто и дека се заканувал со писмо со отказ, тврдејќи дека е подготвен сѐ да даде на увид, сите докази и пристап до својата електронска пошта. Тој рекол дека сѐ е во согласност со законот и дека госпоѓата Кинг добила сѐ што е потребно за породилното отсуство, но и дека состанокот со неа бил завршен во пријателска атмосфера.

 

Фото: Илустрација / Freepik

Извор: srecna.republika.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1