ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/9/22 2:13 PM

(Видео) Рускиот амбасадор во Полска полиен со црвена боја

Рускиот амбасадор во Полска Сергеј Андреев денеска наводно бил полиен со црвена боја откако се обидел да положи венец на гробот на советските војници во Варшава.

Дипломатот бил нападнат додека им оддавал почит на војниците на Црвената армија кои загинале за време на Втората светска војна.

На видеото од настанот се гледа Андрејев опколен од група демонстранти со украински знамиња. 9 мај е денот кога Русија и неколку други земји го слават поразот на нацистичка Германија и нејзините сојузници.
Амбасадата минатата недела соопшти дека полските власти „препорачиле“ оваа година да се откаже традиционалната церемонија на положување венци, како и Бесмртниот полк, во кој луѓето маршираат и носат портрети на роднините кои се бореле во војната.


Известувањето е дадено поради руската воена кампања во Украина, соопшти амбасадата. Мисијата ги откажа сите други настани за Денот на победата, но одлучи да ја продолжи посетата на Андреев на воените гробишта во понеделник.

Амбасадорот рекол дека е неповреден, пренесува РИА Новости.

Извор: Мондо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1