ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/9/22 2:56 PM

Премиерот Ковачевски за минат труд добива додаток од 9.364 денари, а илјадници работници ниту денар

Премиерот Димитар Ковачевски месечно заработува плата од 88.260 денари што е за 347 денари повисок личен доход во однос на неговиот претходник Зоран Заев, стои на официјалната веб страна на Влада на Република Северна Македонија.

Од објавените податоци на сајтот на Владата може да се види дека Ковачевски има основна плата од 78.896 денари, додека за минат труд премиерот добива додадок од 9.364 денари. Минатиот труд му следува на секој работник во Македонија и тој варира во зависност од работниот стаж и основицата на плата.

Работниот стаж се множи  со 0.5 %, а производот кој се добива се множи со основицата од платата и притоа се добива износот кој претставува додаток . Вака добиениот додаток се додава на износот на месечната нето плата. Но, проблемот кај голем дел од работниците е што за разлика од премиерот, тие не добиваат додаток за минат труд, односно работодавците го злоупотребуваат, а Државниот инспекторат најмногу поплаки добива за минат труд и за прекувремена работа.

Втор човек во Владата според висината личниот доход не е првиот вицепремиер Артан Груби, туку министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој заработува 86.324 денари, од кои му се 14.241 денар додадок за извршување на функцијата и 7.057 денари минат труд за 21 година стаж.

„На министерот за внатрешни работи во Влада на Република Северна Македонија му се утврдува зголемување за 20% на платата утврдена за извршување на функцијата. Додатокот на плата се исплаќа согласно решение бр.16-1561/2 од 12.06.2017 година“, стои на сајтот на Владата.

Сите вицепремиери и министри во Владата која ја предводи Ковачевски имаат основна плата од 65.026 денари плус додаток за минат труд кој варира во зависност од стажот, а разликите може да се видат подолу:

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини има најниска плата од 65.989 денари затоа што има стаж од само две години по враќањето во Македонија.

Платите на сите министри и заменици на премиерот Ковачевски изнесуваат 1.505.669 денари или околу 25.000 евра месечно, а во оваа сума влегува основицата од 1.393.657 денари и додатокот за минат труд од вкупно 112.012 денари.

Орце Костов

фото: Влада/МВР

 

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1