ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/9/22 9:54 AM

Почна снимањето на серијата „Задарска кристална ноќ“

Режисерот Предраг Гага Антонијевиќ започна со снимањето на серијата „Задарска кристална ноќ“, која ќе биде продолжение на филмот „Дара од Јасеновац“. Серијата се снима во Црна Гора, а централна тема е српското страдање во текот на Втората светска војна, односно судбината на преживеаните деца од логорот Јасеновац.

Филмот заврши така што сестрата и братот Дара и Буда успеваат да се извлечат од логорот, но ние не знаеме што после таквиот ужас се случило со нив. Токму тоа ќе го дознаеме преку серијата „Задарска кристална ноќ“. Улогата на Дара ќе ја толкува Мирјана Карановиќ, а улогата на нејзиниот брат Буда му припадна на Љубомир Бандовиќ.

По педесет години, средбата на братот и сестрата ќе се случи во Задар во 1991 година.

 

Фото: Филмски центар на Србија

Извор: kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1