ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/9/22 9:17 AM

Непримерно е Северна Македонија да ни поставува ултиматуми, рече Румен Радев

Крајно непримерно е да се поставуваат ултиматуми на Бугарија, рече претседателот на Бугарија, Румен Радев, коментирајки ги последните изјави на шефот на дипломатијата на РСМ.

Радев повтори дека имало притисок врз Бугарија за членство на Македонија во ЕУ.

-Минатата година имаше притисок и беше сериозен. Го издржав овој притисок, преодната влада се воздржа, додаде Радев, а пренесува њузбг.

Според него, на притисокот може да се одолее кога ќе има јасни позиции кои го имаат предвид бугарскиот интерес. Сепак, останува да се види дали власта ќе го издржи притисокот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1