ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/8/22 11:23 PM

(Видео) Не го фрлив знамето од омраза – Андреа се извинува од Торино

Македонската претставничка АНдреа по скандалот со знамето се јави од Торино со видео порака во која рече:

-Видов што се пишува и едноставно не ми се верува затоа што единственото нешто што го правев последните денови е што гордо се движев и го покажував секаде македонското знаме. Но, во момент каде ме снимаше камерата, ме фотографираа, побараа да го нема македонското знаме, а делегацијата беше навистина далеку од мене. Јас одлучив во момент да го фрлам знамето. Не од омраза, затоа што јас сум горда што доагам од тука.

Затоа ми е бесмислено зошто се случува ова.  Навистина сум тука да ја претставам Македонија во најдобро светло и се надевам дека можеме да продолжиме со ова евровизиско искуство со позитива. Тука сме да уживаме, тука сме да делиме страст и се надевам дека можеме така да поминеме. Не ми беше никаква намера да навредам некој ако го направив тоа се извинувам. Го носам знамето секаде каде што одам и се надевам дека навистина можеме да поминеме со ова, рече Андреа во видео пораката.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1