ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/8/22 8:44 PM

(Видео) Каменувани судија и фудбалер, физичка пресметка меѓу играчитна дербито во Тетово

Најмалку двајца фудбалери и еден од судиските помошници се повредени во серијата инциденти што денеска го одбележаа натпреварот од претпоследното коло во ПМФЛ меѓу Шкендија и Шкупи (0-0) во Тетово.

Хронолошки инцидентите на дуелот меѓу стариот и новиот шампион започнаа пред градскиот стадион во Тетово.  Фудбалер на гостинскиот тим лежи на земја пред стадионот, а според неофицијални информации, фудбалерите и стручниот штаб на Шкупи биле нападнати со пиротехнички средства од навивачи на Шкендија.

Инциденти продолжија и на трибините и по воведените неколку минути, натпреварот привремено беше прекинат, откако домашните навивачи почнаа да фрлаат предмети кон гостинскиот голман.

Доцнеше и стартот на второто полувреме бидејќи играч на Шкупи од трибините беше погоден со камен во главата.

Тензиите кулминираа во 80. минута од натпреварот кога еден од тројцата судиски помошници беше погоден со камен од трибините, а на спротивниот дел од теренот дојде со масовна физичка пресметка меѓу фудбалери и дел од клупскиот персонал на двете екипи.

По неколкуминутен прекин, натпреварот продолжи.

Претходно, полицијата на излезот од Скопје спречи поголема група навивачи на Шкупи да заминат за Тетово.

Во сенка на инцидентите во Тетово, Академија Пандев е првата од трите македонски екипи која обезбеди пласман во квалификациите за Лигата на конференции на УЕФА, откако попладнево го совлада Работнички во рамки на претпоследното коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Академија Пандев на домашен терен во Струмица триумфираше над Работнички со 2-1 и на коло пред крајот на сезоната го обезбеди второто место на табелата кое им обезбедува настап во 1. квалификациско коло во Конференциската лига.

ПМФЛ – 32 коло:

Академија Пандев – Работнички 2-1, Брегалница – Тиквеш 1-0, Македонија ЃП – Струга 1-3, Пелистер – Борец 2-1, Ренова – Скопје 2-0, Шкендија – Шкупи 0-0.

Табела: Шкупи 73, Академија Пандев 64, Шкендија 60, Македонија ЃП 57, Струга 46, Брегалница 45, Ренова 45, Работнички 40, Скопје 32, Тиквеш 31, Борец 21, Пелистер 14.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1