ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/8/22 7:08 PM

Смртта го затекна на кревет за масажа, лекарите не можеле да помогнат – Водителката неутешна за прераната смрт на сопругот

Српскиот историчар Видое Ристовиќ (44) ненадејно почина во Белград на кревет за масажа. Видоје е син на Виктор Ристовиќ, попознат како Миша Гроф, еден од најпознатите и најбогатите српски антикварци. Миша Гроф поседува импозантни уметнички дела, како и слики вредни 100 илјади евра.

Тој почнал да собира уметнички дела и антиквитети и да ги препродава во 1990-тите.
Инаку, и покојниот син на Миша, Видоје, по професија историчар на уметност, кратко време имал антикварница во центарот на Белград, која ја затворил, пишува „Курир“.

Видое Ристовиќ ненадејно почина на 44-годишна возраст, а веста за неговата смрт ја потврди неговата сопруга, водителката Николина Пишек.
Брзата помош констатирала смрт, а извор близок до парот за „Блиц“ ја открил причината за смртта на Ристовиќ.
– Утрово околу 10 часот почина на масата за масажа – изјави извор близок на „Блиц“ и додаде:

– Видоје почина во Белград.

За „Блиц“ извор близок до парот, пак,  изнесе нова информација.
– Имаше закажано масажа. Дојде на масажа, по некое време му се слошило, веднаш луѓето од салонот повикале брза помош, но можеле само да констатираат смрт. Потоа се јавиле на семејството на Видоје и соопштиле дека тој починал. На местото на настанот излегле голем број полицајци – изјави извор за „Блиц“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1