ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/8/22 3:23 PM

Се одржа 29. мегународен фестивал на пролетни веселби „ Х’дрлез “

После две години пауза поради пандемијата, годинава се одржа свеченото отворање на 29. Меѓународен фестивал на пролетни веселби „ Х’дрелез “.

Пролетното празнување Х’дрелез во 2017 година беше вклучен во списокот на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото, како културно наследство на Турција и Македонија. Од 2017 година се до денеска Министерството за Култура и Туризам на Р.Турција ја нуди својата поддршка со цел јакнење на интеркултурниот дијалог и унапредувањето на меѓународната соработка меѓу Р.Турција и Република Северна Македонија.

Во рамки на официјалното отворање, Советничката за култура и промоција при Амбасада на Република Турција Чигдем Ѓуллу во име на Министерството за Култура и Туризам на Република Турција  прими плакета нагласувајќи дека нивната поддршка за пролетниот фестивал Х’дрелез, кој е од големо значење во однос на зајакнувањето на пријателските односи меѓу двете земји, ќе продолжи и во наредните години.

 

Х’дрелез е еден од сезонските празници што се слават во турскиот свет. Се слави како ден кога Хизир и Иљас се сретнале на земјата. Познат како ден кога природата оживува, фестивалот Hıdırellez значи и доаѓање на пролетта.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1