ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/8/22 12:54 PM

Кога го гушнав Јован ми се згреа срцето – Д-р Софијанова на емотивна средба со момчето што се разбуди од кома

Д-р Аспазија Софијанова, директор на Детска клиника, на својот Фејсбук профил сподели фотографија, која со емотивни зборови се присети на едно блиско минато, кога во 2008 година цела држава беше во исчекување што ќе се случи со малиот Јован од Струга, кој беше во кома.

Благодарејки на натчовечките напори на д-р Софијанова Јован оздраве и денес е големо момче. Колку е пораснат и како денес изгледа Јован, Софијаниова не потсети.

-Дали ви се верува кого го гушнав вечерва силно и се потсетив на едни чудни времиња во еден чуден свет во 2008 година. Тоа е чудото Јован Колоски со животна голгота , чија насмевка на храбро и убаво момче го згреа моето срце по којзнае кој пат. Зошто медицината и Бог се претопија во мојот Јован, момчето во кома од Струга, денес фраер и дечко со став и визија, напиша Софијанова во описот на фотографиите.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1