ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/8/22 12:33 PM

„Слава ти Боже, добредојде сине Лазаре„ – Екс градоначалникот Саша Богдановиќ стана татко

Поранешниот градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ стана татко. Радосната вест дека добил син Богдановиќ ја сподели на својот профил на Фејсбук.

-Слава ти Боже. Јас вода, а ти корен нека никнат млади. Добре ни дојде сине Лазаре, напиша Богдановиќ на својот профил, а коментарот го поткрепи со песната „Уснила ја дубок санак“ од Јелена Томашевиќ.

Саша и неговата сопруга Јелена се во брак две години. Тие предизвикаа внимание во јавноста со нивната одлука свадбата да ја направат во Грачаница, Косово.

-Се запознавме на Косово и бидејки се почна од таму, па решивме почетокот на заедничкиот живот и крунисувањето на нашата љубов  пред Бога да биде во манастрирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Грачаница.  се знаеме повеќе од три години, а во врска сме повеќе од една година, доволно за да се запознаме и да одлучиме понатаму животот да го продолжиме заедно.  На венчавањето ќе бидат присутни само најблиските, со кумовите и старосватовите, а потоа ручек во ресторан. Свадбата ќе ја правиме тука, ама понатаму, кога и ќе го склучиме граѓанскиот брак. Сега ќе биде само венчавањето во црква,  рече Богдановиќ тогаш за ммс.мк

Прочитајте што уште рече поранешниот градоначалник:

Ќе се жени градоначалникот Саша Богдановиќ, венчавка на Косово


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1