ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/7/22 5:13 PM

Во животот нема секогаш добри периоди – Гвардиола за елиминацијата од ЛШ

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола уште еднаш се наврати на елиминацијата во полуфиналето од Лигата на шампионите.

– Што е животот? Животот не е секогаш добар период. Посебно во спортот има повеќе лоши моменти отколку добри. Добро се справувам со такви ситуации. Понекогаш во такви ситуации се чувствувам поудобно отколку во успешни периоди, изјави шпанскиот тренер.

Манчестер сити во средата беше поразен од Реал во Мадрид со 3:1 и со вкупни 6:5 е елиминиран во полуфиналето од елитното фудбалско натпреварување.

Гвардиола има две титули европски првак со Барселона, но не успеа да се искачи на европскиот фудбалски трон со Баерн Минхен, ниту со Манчестер сити.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1