ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/7/22 3:34 PM

Битолчанка (21) со тепање ограбила продавница, а по 45 минути полицијата ја привела

Битолчанка со закана и физичка сила ограбила продавница, а после 45 минути била приведена во полициска станица.
Како што соопшти МВР, вчера во 15:15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода М.Ј.(21) од Битола.
– Таа се сомничи дека околу 14:30 часот во продажен објект во Битола со закана и употреба на физичка сила кон вработената одзела повеќе производи. Одземените производи биле пронајдени и вратени на сопственикот, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1