ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/6/22 9:00 PM

Симна 38 килограни без гладување, а си го подобри и здравјето – Како ослабе Рене Зелвегер

Рене Зелвегер денес изгледа подобро од кога било досега! Не и беше проблем целосно да се трансформира поради улогата! Поради филмот за Брижит Џонс се здебелила повеќе од 15 килограми.

Сепак, после тоа таа се соочи со голем проблем – да се врати во топ форма. Во таа, нималку лесна борба, голема помош имала исхраната на познатата нутриционистка Берија Сирс.

Актерката нагласува дека за време на оваа диета нејзиното здравје било на завидно ниво, а и се подобрило функционирањето на целиот нејзин организам!
-Ми беше многу важно здравјето во секое време да ми е на завидно ниво – изјавила актерката во една прилика, а тоа и го овозможува начинот на исхрана според планот на Берија Сирс.


Принципот на диетата е внесување храна според специфичен однос.

Планот на исхрана претпоставува дека 40 проценти од јаглехидратите, 30 проценти од протеините и 30 проценти од мастите се внесуваат секој ден за време на овој режим.

Овие проценти не мора да се мерат во грамови. Д-р Бери Сирс не советува да се водиме од чувствата кога е во прашање количината. Секој оброк треба да содржи една третина од протеини и две третини од јаглехидрати со малку маснотии.

Забранетата храна во оваа диета се: банани, грозје, суво овошје, манго. Ова овошје се избегнува бидејќи содржи многу шеќер.

Кога станува збор за зеленчукот на црна листа се: грашок, пченка, компир. Д-р Бери посочува дека не треба да јадете леб, пецива, тестенини или нешто што содржи бело брашно.
Еве како изгледа менито!


 

Доручекот:

Омлет од 6 белки со аспарагус/авокадо или зелени пиперки и 2 лажички маслиново масло

Ручек:

Салата со пилешки гради на скара, прелиена со маслиново масло и оцет и свежо овошје

Прва закуска:

1/4 чаша урда со малку маснотии, 1/2 чаша ананас, 1 лажица сечкани бадеми

Вечера:

Лосос со 1 лажица бадеми, 2 чаши зеленчук на пареа, 1 шолја боровинки

Втора закуска:

Парче тврдо сирење и по желба малку црвено вино

Рене Зелвегер истакна и уште една важна работа кога е изгледот во прашање, а тоа е физичката активност.

– Физичката активност е пресудна за добро чувство – заклучи таа и на крајот истакна дека е важно редовно да тренирате не само за да се ослободите од килограмите, туку и да спречите опуштена кожа – заклучила таа.

Извор: курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1