ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/6/22 12:01 PM

Камен усреќува семејства без деца – Чудната моќ на Говедаров камен крај Свети Николе е реалност

„Со сопругата немавме дечиња осум години. Кај се не појдовме и ништо. Ни препорачаа да дојдеме овде на каменот. Искрено малку со неверување, но сепак, дојдовме. Маката човек ќе го натера на се. Направивме како што ни рекоа и набргу потоа сопругата остана бремена. Ни се роди ќеркичка и еве не сега да ги довршиме обичаите. Каменчето го вративме, појасот го искинавме, донесовме курбан и се е како треба. Јас и сопругата сме пресреќни“.

Ова е приказната на еден струмичанец, кој не сакаше да си го  открие идентитетот и да се фотографира, а го затековме меѓу останатите кои го посетија познатиот Говерадов камен во близина на Свети Николе. Тој не е единствениот кој поминал низ овој пат со надеж дека Господ ќе им подари рожба. Поголемиот дел од лугето кои ги затековме крај каменост ја раскажуваат истата приказна.

Ова е вистината за денешницата, но за тоа како се случило овој Говедар или Говедаров камен да биде лековит и да привлекува толку многу луѓе кои во потрага по надеж, среќа и рожба направиле се, па затоа и веруваат во чудните моќи на каменот.

Постои легенда која се прераскажува и во која се верува дека оттука потекнува лековитоста и чудотворноста на каменот.

Во минатото во Овче Поле имало цар, кој имал се што ќе посака, но немал син. Кога царицата повторно забременила тој нестрпливо чекал дали ќе добие син. Дворјаните уплашени дека царот навистина ќе им ги пресече главите ако пак се роди женко ги земале работите во свои раце. Пред да се породи царицата од чергари земале машко дете за да го заменат. Но,  бидејки и царицата родила машко, а не можеле да го заменат, па вистинското кралско бебе го дале на чергарите. Кога момчињата пораснале си играле на голем камен во полето. Кога ќе се качеле на каменот царевиот син викал „колку е убаво полево за големи битки, за пешадија и коњаница“. А синот на чергарот велел „Целово поле да е со прачки многу кошници ќе исплетам“.

Царот тоа многу го нервирало ама немал што да прави. Сепак, некој од дворјаните собрал храброст и ја кажал вистината на царот. Царот пресрекен тргнал по царството да си го бара синот. Сите момчиња ги прашувал што би сакале да имаат.

Сите барале злато и големо богатство. Кога го нашол говедарчето на каменот и го прашал што сака тој одговорил дека не сака големо богатство туку само толку колку што има капки дожд во април и два дожда во мај. Дека за секоја капка доволно би му било по еден мал златник. На царот му станало јасно дека тоа е неговит син, па си го земал синот и му го предал царството.

Е токму тој камен, кој постои и денес во близина на Свети Николе се вика Говедар или Говедаров камен  и на денешен ден, на Ѓурговден овде луѓе од целата држава си ја бараат среќата.

ММС го посети Говедаров камен, од кој на 5 и 6 мај од стотици, па и илјадници луѓе од целата држава бараат надеж.

Колони автомобили се упатуваат во атарот на селото Пиширово. Поголемиот дел од нив се со дечиња во раце, но имаше и такви кои дошле да запалат свеќа и да го замолат чудотворниот камент за среќа, здравје и бериќет.

-Маката ги натера лугето да дојдат овде. Слушнале абер дека има добрина од него. Не е само легенда, па да дојде да се посети каменот. Луше сведочат дека посетата на овој камен многу им помогнала.  Веруваат во каменот дека ќе им подари рожба и тоа се случува.  Јас сум 20 години тука и досега од тие што го посетиле со мака оти немале деца,  можам слободно да кажам дека дури 90 проценти добиле рожба.  Вчера и денес (5 и 6 мај) илјадници луге поминуваат тука, вели Николче Станојковски, претседател на селото и на црковниот одбор.

Станојковски многу добро ги познава сите обичаи, судбини и адети кои се прават овие два дена.

-На овој камен доаѓаат од сите краеви на Македонија. Годинава имавме од Србија чети брачни пара. Овој камен им помага во маката на луѓето независно од кај се, од која националност и вера. Каменот се празнува на 5 и 6 мај, на Ѓурговден. Овој празник датумот не го менува, само денот. Се празнува со децении. Јас во црковниот одбор сум 20 години и овие денови има река народ тука. Доаѓаат илјадници луѓе кои немаат деца. Доаѓаат со голема надеж. Носат бел и црвен конец , што симбол на крвта и на убавината.

Од каменот бараат спас. Јас сум само сведок дека минатата година има околу 20 рожби, меѓу кои и близначиња. Кружат три пати околу каменот и потоа наоѓаат кум или побратим, кого по завршување на церемонијата го прифаќаат. Тој понатаму може да им биде вистински кум, но може и само да го викаат на семејни веселби, вели тој.

Лугето кои доагаат веќе знаат што треба да прават и затоа околу церемониите што се прават на каменот нема турканица иако има многу луге.

-Прво со конесот се кружи околу каменот. Потоа се качуваат на каменот и плетат повој или колан. На врвот на каменот има како изворче од кое се миат и оставаат дар.  Кога ќе се симнат од каменот следна церемонија е да скрши мало парче од каменот, кои потоа го сошиваат во внатрешниот дел од појасот и тоа се носи околу половината додека да се породи жената. Кога жената ќе се породи следната година доаѓаат со детето, камчето што го земале го оставаат, а повојот го кинат. Носат јагниња за курбан, а потоа јагнињата се колат крај каменот и има наддавање, кој сака да купи. Парите што ќе се соберат од јагнињата и другите подароци понатаму се вложуваат во изградба на храм во селото Пиширово, бидејќи каменот се наога во атарот на ова село. Црквата се вика „Св. Прохор Пчински“ и се надеваме во ноември да ја осветиме, вели Станојковски.

Весна Миленковска

Фото: Вангел Тануровски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1