ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/5/22 4:03 PM

Нови 139 случаи со КОВИД-19, од нив 25 се реинфекции

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 139 нови случаи на КОВИД-19 од 1424 направени тестови и не се пријавени починати лица. Од вкупниот број нови позитивни, 25 се реинфекции, соопшти Министерството за здравство.
Од новозаразените, во Скопје се 58, Битола – 34, Прилеп – шест, Струмица – пет, Куманово, Кавадарци, Велес, Охрид и Кичево – по четири, Тетово – три, Гостивар, Кочани и Демир Хисар по два нови случаја и по еден новозаразен во Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Дебар, Виница и Дојран.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин дополнително е регистрирано едно починато лице од Скопје (73г), кој починал на 1 мај 2022  во домашни услови.
Во изминатото деноноќие се регистрирани  86 оздравени пациенти: Скопје – 40, Битола – 19, Кичево – пет, Штип – четири, Кавадарци – три, Куманово, Велес, Гевгелија, Ресен и Свети Николе – по двајца, Тетово, Кочани, Виница, Струга и Берово по еден оздравен.
Вкупен број на заболени и на активни случаи по градови:
Скопје 145 747 / 317
Куманово 16 639 / 9
Битола 15426 / 146
Прилеп 14 156 / 26
Тетово 13 458 / 13
Кавадарци 10 648 / 18
Велес 9766 / 8
Гостивар 9585 / 11
Охрид 8853 / 23
Струмица 8065 / 17
Штип 8029 / 13
Кичево 5627 / 9
Кочани 5077 / 3
Струга 4718 / 3
Гевгелија 4405 / 4
Неготино 3679 / 2
Ресен 2727 / 12
Свети Николе 2626 / 0
Радовиш 2529 / 1
Крива Паланка 2413 / 0
Делчево 1979 / 9
Дебар 1674 / 1
Берово 1662 / 12
Валандово 1488 / 3
Виница 1393 / 4
Пробиштип 1266 / 1
Богданци 1019 / 0
Кратово 966 / 2
Крушево 926 / 0
Демир Хисар 832 / 4
Македонски Брод 736 / 0
Демир Капија 593 / 0
Македонска Каменица 523 /  0
Пехчево 486 / 0
Дојран 347 / 1
Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 310 063 однаправени  2 026 507 тестирања. Оздравени се 300 107 пациенти, бројот на починати е 9284, а активни случаи има 672.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1