ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/5/22 5:00 PM

Емотивен запис во дневникот на дете кое се крие од руските бомби во Украина

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба на Твитер објави фотографија на која е прикажан запис на осумгодишно дете од Мариупол. Малиот Јехор всушност, пишувал дневник поминувајќи го времето во скривалиште, криејќи се од војната.

„Од 24 февруари починаа моите две кучија, мојата баба и мојот сакан Мариупол“, напишал Јехор во својот дневник додека се криел од руските бомби.

„И неговиот дедо умрел, а тој, неговата сестра и нивната мајка се ранети. Украина никогаш нема да се предаде или да се измори. Мораме да победиме“, додава во својата објава Дмитро Кулеба.

Специјалната операција на руската војска во Украина денес влезе во 71-от ден.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1