ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/5/22 12:37 PM

Навивачи на Реал порано си заминале, а кога сфатиле дека ќе се случи чудо, полицијата ги спречила да се вратат

Реал Мадрид направи уште едно чудо во Лигата на шампионите. Направија сензационални пресврти против Пари Сен Жермен и Челзи, но не застанаа тука, туку го срушија и Манчестер Сити кога никој не очекуваше.

Губеа со 1:0 на „Бернабеу“, не одиграа одличен фудбал и Грилиш за малку ќе го „убиеше натпреварот“ во 86. минута, но повторно се разбудија и преку двојниот стрелец Родриго и подоцна Бензема стигнаа до финалето на Лигата на шампионите. Но, тоа не го видоа сите навивачи кои беа на стадионот и тие се виновни за тоа …

Група навивачи го напуштиле стадионот во 80. минута, пренесува шпанска „Марка“, а кога сфатиле дека има сензација и дека ќе ја пропуштат историјата – било предоцна да се вратат. Полицијата не им дозволи на гледачите кои веќе го напуштија стадионот да влезат на трибините, без разлика дали имаат билет.

Сè што требаше да направат е да го гледаат крајот на натпреварот на своите телефони и да слават без да ги погледнат хероите, а можеа – само да веруваат дека Реал Мадрид е способен да направи чудо!

извор: Mondo.rs

фото: YOUTUBE/MARCA/PRINTSCREEN

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1