ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/5/22 10:29 AM

(Видео) На водителка ѝ заѕвони телефонот во програма во живо: Нејзината реакција стана хит на социјалните мрежи

На водителката Ивана Константиновиќ во текот на Дневникот ѝ заѕвони мобилниот телефон, а нејзината реакција стана виртуелен хит. Ивана Константиновиќ, водителката на Н1 ТВ се најде во невообичаена ситуација, откако ѝ заѕвони мобилниот телефон додека го водеше Дневникот. Нејзината реакција воодушеви многумина, бидејќи таа сосема смирено го зеде телефонот, го исклучи и го стави под масата. Дел од корисниците на Твитер ја нарекоа „кралица на ладнокрвноста“.

Ивана потоа и самата се огласи на социјалната мрежа, односно се пошегува на своја сметка. Таа ја објави видео снимката која почна да се споделува на социјалните мрежи.

„Јас сигурно би избегал од студиото кога би ми се случило истото“, „Трепна дури кога нешто удри, но продолжи без проблем“, се само дел од коментарите под објавата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1