ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/5/22 9:52 AM

Руски хеликоптер влегол во воздушниот простор на Финска додека земјата се подготвува за влез во НАТО

Хеликоптер на руската армија влезе во воздушниот простор на Финска во обид да ја исплаши земјата додека се подготвува за влез во НАТО.

Воен транспортен хеликоптер Ми-17 прелета 2-3 милји во рамките на финската граница, соопшти Министерството за одбрана на Финска.

„Типот на авионот е хеликоптер Ми-17, а длабочината на која се сомнева дека е прекршување е околу четири до пет километри“, изјави за AFP портпаролот на министерството.

Се сомнева дека причина за влегувањето на рускиот воен хеликоптер во воздушниот простор на Финска е нејзиниот интерес за влез во НАТО, што предизвика гнев во Кремљ. Путин кажа дека ќе има последици и рече дека како одмазда ќе го пренесе руското нуклеарно оружје во блиското Балтичко Море.

Русија претходно го наруши финскиот воздушен простор на 8 април, за прв пат оваа година. Ова следеше откако финскиот нуклеарен провајдер го раскина договорот со руската државна енергетска компанија Росат.

Поради влегувањето на московските сили во воздушниот простор на Шведска и Данска во последните денови, данскиот министер за надворешни работи одлучи да го покани рускиот амбасадор во Копенхаген.

На 1 мај, Џепе Кофод на Твитер напиша: „Уште едно руско нарушување на данскиот воздушен простор. Ова е целосно неприфатливо и крајно загрижувачко во сегашната ситуација“, напиша тој.

Експертите предупредија дека Финска и Шведска најверојатно ќе бидат изложени на руско мешање додека размислуваат дали да се приклучат на НАТО, а можни се почести сајбер напади. Огромното мнозинство фински пратеници и јавноста се за влез во Атлантската алијанса. Според пишувањата на финските медиуми, одлуката на владата би можела да биде донесена во следните неколку дена.

извор: Mondo.rs

фото: commons.wikimedia.org/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1