ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/4/22 3:33 PM

Ќе спречиме министерот за правда да си оди дома – Матичарите утре ќе го блокираат Скопје

Утре во период од 14 до 17 часот на релација Градска болница – Собрание – Министерство за правда, Независниот Синдикат на управата за водење на матични книги ќе реализира протестен марш за време на одржување на штрајкот во Управата за матични книги.

„Со овој протест ќе се обидеме преку блокирање на дел од булеварите на централното градско подрачје да го блокираме излезот на вработените во самото Министерство за правда , но и на  Министерот за правда да го попречиме во  заминувањето кон дома после завршувањето на работното време. Точно во 16 00 часот пред самиот влез на Министерство за правда ќе се реализира прес конференција за јавноста на која ќе бидат пренесени сите актуелни состојби во Независниот Синдикат на управата за водење на матични“, соопштија оттаму.

Протестот го реализира Управата за матични книги ќе присуствуваат 100 тина луѓе ,а одговорен на целата активност е претсетдателот на Управата за матични книги Тони Милошевски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1