ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/4/22 2:40 PM

Универзитетскиот професор Мишо Докмановиќ ја доби државната наградата „Гоце Делчев“

На универзитетскиот професор Мишо Докмановиќ денеска во Собранието му беше врачена државната награда „Гоце Делчев” за 2022 година, што се доделува за особено значајни остварувања од интерес за државата во областа на науката.

Докмановиќ е добитник на наградата за делото „Сами на своето – кратка историја на македонската независност (1990 – 1993)”.

Претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев, кој е и претседател на Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев” му ја врачи наградата на Докмановиќ. Коцарев порача дека за да опстоиме, за да се спротивставиме на минливоста предложи науката да прерасне во вистински водич на иднината на земјава. За да го искористиме поволниот момент, Коцарев предлага да пристапиме кон креирање консензус за опстој и одржлив развој на земјава поддржан од релевантните политички субјекти во континуитет, независно дали се на власт или во опозиција.

текст и фото: МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1