ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/4/22 9:00 PM

Пред да станат славни, се соблекувале за пари – 15 личности кои се занимавале со стриптиз

Пред да станат успешни и познати, некои холивудски и музички ѕвезди заработувале со соблекување и играње по ноќни клубови.

Еден од нив е актерот Крис Прат кој за време на гостувањето во шоуто на Елен Деџенерис,  откри една тајна – тој бил стриптизер под псевдонимот „Волшебниот Мајк“. Актерот се правдал дека е дете кое живеело во мал град и работел само како стриптизер кратко време.

Популарната раперка Карди Би играла стриптиз по барови во Њујорк, а славниот Бред Пит за време на студиите бил дел од машка група стриптизери.
Лејди Гага неколку пати во јавноста изјави дека направила се пред да стане славна, вклучително и како стриптизета, а шпанскиот актер Хавиер Бардем изјавил дека бил стриптизер само 10 минути.

Пред да стане модел и богато да се омажи, покојната манекенка и актерка Ана Никол Смит работела како стриптизерка во Тексас, а Кармен Електра е уште една ѕвезда која во младоста заработувала со соблекување. Кармен се уште сака да се соблекува и затоа не и било тешко соблекувањето во младоста.

Кортни Лав за американските медиуми изјавила дека работела во неколку стриптиз барови и дека заработувала по 300 долари дневно, а исто толку како стриптизета заработувала и славната порно-актерка Џена Џејмсон.

Познатиот актер Ченинг Тејтум во младоста работел и како стриптизер, како неговите колеги.

Блек Чајна била стриптизерка за време на факултетот, а како што открила, таа работа ја работела и нејзината мајка. Била и танчерка во клуб во Мајами каде што заработувала по 15.000 долари од вечер.

Бившата сопруга на покојниот Хју Хефнер, Кендра Вилкинсон започнала со стриптиз на 18 години. Кендра изјавила дека се срами што е стриптизерка.

Фара Абрахам сè уште повремено работи како стриптизета. Кетрин Зета-Џонс кариерата ја започна како стриптизета, а од заработените пари го оперирала носот.

извор: Mondo.rs

фото: https://www.rap-up.com/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1