ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/4/22 8:00 PM

„Пијан и дрогиран сексуално се изживувал врз неа“ – Детали од судењето на Џони Деп и Амбер Хард

Продолжи судењето на холивудските ѕвезди Џони Деп и Амбер Херд, а сега сведочи и доктор Дон Хјуз. Таа е клинички и форензички психолог, а е претставена и како експерт за семејно насилство.

За време на сведочењето, докторката Хјуз изјавила дека Херд и признал дека неколку пати била сексуално злоставувана од Деп.

Како што рекла, Деп бил „пијан или издрогиран, па ја фрлил на кревет, и ја соблекол ноќницата и се обидел да има секс со неа“.

„Тој ја принудуваше да му дава орален секс кога беше лут. Ова не беа моменти на љубов, тоа беа моменти на доминација“, рекла таа, додавајќи дека сметал дека е „прифатливо да и ја скине ноќницата и да и ги забие прстите во нејзината вагина додека бара кокаин“.

За инцидентот што се случи во Австралија, во кој Деп го загуби врвот од прстот за време на кавгата со Херд, Хјуз изјави дека тој е „еден од најтешките“.

„Додека ја тепаше и гушеше, велејќи дека ја мрази и дека ќе ја убие, г-ѓа Херд се оддалечила и излегла од нејзиното тело. Единственото нешто на што размислувала тогаш било: „О Боже, се надевам не е скршен“, рекол докторот, пренесува Daily Mail.

Таа додаде дека Хард се борела да ги контролира своите емоции и дека трпела физичко насилство од Деп, кој ја турнал, давел и ја удирал одзади. За време на сексуалното насилство таа се здобила со „претежно модринки“, расекотини и „вагинални болки“.

Таа изјавила и дека Деп практикувал „присилна контрола над Амбер“ и дека бил „опсесивно љубоморен“ и не сакал таа да се соблекува за потребите на некои улоги. Според Хјуз, тој нејзината амбиција ја сметал за „нешто негативно“ и „упорно ја спуштал“, велејќи и дека „не е неопходно да се покажуваат цицките и задникот“. Таа исто така рече дека тој го повикал „речиси секој актер“ со кој работел Херд и им рекол: „Ве гледам. Ве гледам на снимање“.

“Се обидуваше да контролира дури и што носи. Често и велеше дека ниту една од неговите жени нема да се облекува како кучка”, рекол психологот.

Амбер, според нејзиниот лекар, била постојано обвинувана за изневерување од нејзиниот поранешен сопруг. Хјуз изјави дека Амбер и Џони се скарале на летот меѓу Бостон и Лос Анџелес, а причината е нејзиниот колега Џејмс Франко, со кој во тој момент работела на проект.

„Таа влезе во авионот, а тој почна да зборува за Френк, нарекувајќи го со погрдни имиња. Кога стана да замине, дошло до расправија и тој ја удрил со нога во задниот дел, а таа се префрлила на предниот дел од авионот“. рече сведокот.

Хјуз заклучил дека се работи за „насилство од интимен партнер“ и дека злоупотребата вклучувала физичко насилство, психолошка агресија, сексуално насилство, присилна контрола и контролирачко однесување. Нејзе ѝ беше дијагностициран ПТСН или посттрауматско стресно растројство и како причина ја наведе „злоупотребата од г-дин Деп“.

извор: Nova.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1