ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/7/22 8:00 PM

„Сопруга“ и „сопруг“ на листа навредливи поими во Австралија

Универзитетот Флиндерс во Аделаида, Јужна Австралија, по критика од трансродов студент, го означи поимот „транссексуална состојба“ за навредлив бидејќи, според наводите – „погрешно ги претставува родот и полот“. Сепак, по проверките, многумина беа изненадени што и зборовите „сопруг“ и „сопруга“ (husband и wife) се на истиот список.

Ова е топ-тема и во предизборјето во Австралија. Џејн Русо од здружението „Трансенд“ (Transcend), коешто им помага на трансродовите лица во Австралија, смета дека тој список зборови е застарен.

– Ние го надминавме тој вид јазик. Што се однесува до „сопруг“ и „сопруга“, користењето на тие зборови се сведува на личен избор, изјави Русо.

А, кандидатката на Австралиската либерална партија, Кетрин Дивс е „на тапет“ поради нејзината наводна клучна улога во исклучувањето на трансродовите жени од женскиот спорт во Австралија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1