ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/4/22 1:22 PM

Докторка откри кој витамин помага кога имате пролетна алергија, но внимавајте ако го користите како суплемент

Сезоната на алергиите веќе почна, па затоа е важно да знаете кои витамини треба да ги земете доколку сте алергични. Српската докторка Ивана Стефановиќ вели дека веќе цветаат високите дрвја, а поради тоа највеќе проблеми имаат оние кои се алергични на брезата и нејзиниот полен.

„Можете да си помогнете со земање Ц витамин во поголема доза од вообичаено, бидејќи тој и до 50 отсто ги намалува некои од симпотомите на алергија“, вели докторката.

Сепак, таа предупредува витаминот Ц да се зема само во консултација со избраниот лекар.

Најдобро е да се консултирате пред земањето на овој витамин, но може да направи проблем ако пиете други лекови. Тој сам по себе не е токсичен, но за да не ризикувате посоветувајте се со лекар

Таа советува исхраната да биде сведена на овошје и зеленчук, особено на оние видови кои се богати со овој витамин.

 

Извор:  mondo.rs

Фото: Илустрација


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1