ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/4/22 6:00 PM

Кралицата Елизабета уште во 1983 година се подготвила за Третата светска војна

Кралицата Елизабета Втора има подготвено голем број говори за големи настани, меѓу кои е и оној што ќе го одржи доколку се случи Трета светска војна.

Оваа верзија на говорот е напишана во 1983 година за време на Студената војна, а на јавноста стана достапна во 2013 година, кога ја објави Националниот архив на Велика Британија.

Одредени делови од говорот се застарени, но се верува дека неговата суштина ќе се искористи доколку избие нова војна. Текстот на говорот кој го пренесе Би-Би-Си го пренесуваме во целост:

„Никогаш не ја заборавив тагата што ја чувствував додека го слушав татко ми (Џорџ VI) како вели дека Втората светска војна започнала на тој кобен ден во 1939 година. Немав поим дека еден ден ќе морам да го кажам истото. Сепак, какви и да се ужасите што не  чекаат, сето она што ни помогна двапати да ја зачуваме нашата слобода во текот на овој век, ќе ни помогне да преживееме повторно.

Сите знаеме дека сега се соочуваме со опасности поголеми отколку што биле досега. Непријателот не е војник со пушка или авијатичар кој лета над нашите градови и села, туку ја злоупотребува технологијата, која има смртоносна моќ.

Значи, мојата порака до вас е едноставна. Помогнете им на оние кои не можат да си помогнат, бидете утеха за осамените и бездомниците. Нека вашето семејство им даде надеж на оние на кои им треба. Додека заедно се бориме против злото, да се молиме за нашата земја и луѓето со добра волја, каде и да сме. Господ да ве благослови“.

извор: klix.ba

фото: kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1