ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/4/22 8:46 AM

Бејзбол-топче потпишано од Зеленски ставено на наддавање

Бејзбол-топче потпишано со црно пенкало од украинскиот претседател Володимир Зеленски во 2019 година, е ставено на аукција заради собирање пари за земјата разурната од војна.

Тоа досега беше во сопственост на Ренди Каплан – познат колекционер на топчиња потпишани од светските лидери, а дел од приходите ќе бидат наменети за воени цели и за помош на Украина, соопшти аукционерската куќа „Р.Р. окшн“ (RR Auction).

Се очекуваше топчето да се продаде за најмалку 15.000 долари, но веќе се надмина таа сума.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1