ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/3/22 11:14 PM

Родниот град на Зеленски нова мета на Путин?! Кои се трите руски жаришта?

Одбранбениот и безбедносен аналитичар д-р Алекс Волмсли изјави за Скај њуз дека моментално има три жаришта на руската инвазија.

Првиот фокус е на напредувањето кон Запад, Молдавија и нејзиниот отцепен регион Придњестровје, каде што рускиот претседател Владимир Путин, рече таа, сака да предизвика проблеми и нестабилност.

Фокусот е и на Мариупол, опколениот пристанишен град кој продолжува да се спротивставува на нападите и кој не падна целосно во рацете на Русија и покрај постојаното бомбардирање. Волмсли истакнува дека доколку Путин ја преземе фабриката за челик Азовстал, последното упориште на украинскиот отпор во Мариупол, ќе може да каже дека целиот јужен коридор е во руски раце.
Третиот фокус е на напредување кон градот Крив Рог, кој би можел да биде следната цел на руските сили. Волмсли истакнува дека можеби изгледа дека „тоа нема стратешко значење, но е многу симболично бидејќи е роден град на украинскиот претседател Владимир Зеленски“.

„Путин сака да покаже резултати бидејќи очигледно специјалната операција во Украина требаше да трае само неколку дена, а еве сме во третиот месец“, изјави Волмсли за Скај њуз.

Фото:Instagram


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1