ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/14/22 10:00 PM

Како да препознаете потенцијален прељубник: Кои карактеристики го издаваат?

Екстровертните личности се склони кон изневерување.

Во зависност од тоа дали сте интровертен или екстровертен тип на личност, може да се одреди дали сте склони кон неверство или не. Додека екстровертните личности се фокусираат на другите луѓе и настани, интровертите се фокусираат на своите внатрешни мисли и чувства. Екстровертните личносѕи се карактеризираат со ентузијазам, комуникативност, возбуда и авантура. Тиа се посклони кон изневерување па неретко ги нарекуваат и „секстроверти“.

Секојдневните аспирации за возбуда, прекумерна себичност и хедонизам, укажуваат на тоа дека партнерот лесно ќе одлета во друга прегратка.

На интровертите им е потребно време за да се прилагодат и да се чувствуваат пријатно во некое опкружување, особено во непознато. Тоа се луѓе кои не сакаат да бидат во центар на внимание и не им годи кога сите очи се вперени во нив.

Психолозите открија дека изневерувањето може да се предвиди на основа на некои особини. Кон неверство се посклони екстровертните луѓе, а освен тоа генетичарите открија дека тие имаат и генетска варијанта која е поврзана со сексуалното неверство.

Нарциси

Луѓето кои се карактеризираат како нарциси, имаат високо мислење за себе и очекуваат дека другите ќе им се воодушевуваат. Често веруваат дека правилата не се однесуваат на нив, затоа што мислат дека имаат неограничена моќ. Тие не ги почитуваат туѓите чувства и сметаат дека заслужуваат повеќе партнери.

Сексуална манипулација

Изневерувањето е тесно поврзано со психопатијата  и социопатијата. Луѓето со вакви пореметуваеа немаат грижа на совест, тие не сочувствуваат со другите и се вешти во манипулациите.

Хедонизам

Прељубниците имаат послаба самоконтрола. Како што тешко може да одолеат на нездравата храна и ноќните излегувања, тие не можат ни да му одолеат на неверството.

Нестабилност

Проучувајќи ги изневерувањата меѓу сопружниците, психолозите откриле дека кај нив може да се јави емоционална нестабилност. Таа се карактеритиза со промени во расположението и раздразливост, што ги поттикнува партнерите да бараат љубов и стабилност на друга страна.

 

Извор: srecna.republika.rs

фото: Илустрација / Pixabay


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1